речник контакт

Притвор за велешанецот во чиј двор полицијата пронајде 5 кг марихуана

Полицијата процени дека станува збор за марихуана вредна 20 илјади евра

Петар Печков

„ПО барање на ОЈО Велес,  судија на претходна постапка на Основен суд Велес  го прифати предлогот за определување притвор против осомничениот Н.Ц. (29 год) и му е определен притвор во траење од 30 дена“, информираа од ОЈО Велес.
 
Основното јавно обвинителство Велес донело  Наредба за спроведување истражна постапка против лицето на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„Осомничениот велешанец, на 11 март, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот. Дрогата е пронајдена и одземена од полициските службеници на СВР Велес при вршење претрес кај обвинетиот“ - дополнуваат од ОЈО Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »