речник контакт

Притвор за две лица, дрвокрадци кои се осомничени дека нападнале шумски полицајци

Едниот од осомничените му ставил моторна пила на шумскиот полицаец под врат

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против три лица поради сомнение дека сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

За ова дело предвидена е затворска казна од 6 месеци до пет години. Притвор од по 8 дена, бидејќи предметот се работи по скратена постапка, добија Б.З (36 год)  и В.В (18  год) а за С.З. (57 год) мерка на претпазливост, одземен му е пасошот и има обврска да се јавува во Основен суд Велес.

„Тројцата соизвршители, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја на агрокомбинатот “Лозар” – Велес, со употреба на сила и сериозна закана спречиле три службени лица, припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи. Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож.  На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот“ – информираа од ОЈО Велес.

Двајцата повредените полицајци, откако им била пружена здравствена помош во велешка болница, биле пуштени на домашно лекување.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »