речник контакт

Притвор за две лица, кои се обиделе да снабдат затвореник со дрога

Притвор добија сопругата С.Г по која била порачката за марихуаната и таксистот А.А. кој ја превезувал до местото на купопродажба

Петар Печков

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднел кривична пријава против С.Г.(30), К.Г.(36) и А.А.(41), тројцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено, производство и пуштање во промет на наркотични дроги“.

„На 29 октомври  во 18.30 часот на наплатната рампа Сопот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес извршиле контрола во возило „шевролет спарк“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал А.А., а сопатничка била С.Г., при што во возилото биле пронајдени и одземени 978 грама марихуана и хероин. По преземени мерки и активности било утврдено дека С.Г. ја набавила дрогата по налог на нејзиниот сопруг К.Г., кој е на издржување казна затвор“ - информираа од МВР.


Основното јавно обвинителство Велес донело наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.


„На 29 октомври, 30-годишна жена неовластено заради продажба држела наркотична дрога – марихуана во количина од 978,6 грама и хероин во количина од 0,31 грама. На тоа со умисла ја поттикнал второосомничениот – нејзиниот сопруг кој се наоѓал на издржување на казна затвор, а за да ја набави дрогата и помогнал третоосомничениот, ставајќи и на располагање средства за извршување на кривичното дело.

„Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси- возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси -возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1800 евра и се вратила во возилото каде му кажала на третоосомничениот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога“ - соопштија од ОЈО Велес. .

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес доставил предлог за определување мерка притвор против првоосомничената и третоосомничениот, праи можноста да влијаат врз сведоци или побегнат. Судијата им изеркол мерка притвор од по 30 дена. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »