речник контакт

Притвор за две лица, третото е во бегство, осомничени дека потпалиле куќа во Капиново, која потоа целосно изгорела во огнот

Осомничени се две лица од Прилеп и едно од Ореше

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица С.М. и  Д,Д.  И двајцата од Прилеп за – Тешки дела против општата сигурност од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик, како и против уште едно лице Г.П. од Ореше осомничено дека им помогнало да го сторат делото.

„Осомничените, двајца од Прилеп и нивниот помагач од велешко Ореше, на 10 мај со употреба на сила влегле во викенд куќа во селото Капиново. Тие намерно со запалива течност предизвикале пожар во викендицата. Во куќата во тој момент не биле сопствениците, но објектот бил целосно зафатен и била причинета поголема имотна штета“ – соопштија од ОЈО Велес.

За сите тројца осомничени јавниот обвинител до Основен суд Велес, достави предлог за определување мерка притвор. Судија ана пртходна попстапка, за двајца мерката е ефективна веднаш, а за третиот кој е во бегство притворот ќе се применува по неговото пронаоѓање и приведување.

На 10.05.2025 во 10.35 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.Ј.(32 год) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица немало.

Претходно СВР Велес информира дека  до Основното јавно обвинителство Велес, поднело  кривична пријава против Ѓ.П.(56 год ) од село Ореше, општина Чашка, С.М.(40 год) и Д.Д.(37 год), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
СВР Велес соопшти детали за како лицата се откриени како сторители.

„По преземени мерки и активности и спроведена истрага од Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Велес, Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и ОВР Прилеп, било утврдено дека Ѓ.П., С.М. и Д.Д., со патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки дошле во село Капиново, со употреба на сила влегле во викенд куќата и со запалива течност предизвикале пожар од кој целосно била зафатена куќата. Ѓ.П. и Д.Д. на 16.05.2025 се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на С.М.“- соопштија од СВР Велес.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »