Петар Печков
Објавено: петок, 31 јануари 2025
OJO Кавадарци отвори истрага за случајoт убиство, настан кој се случи на 22 јануари. Тогаш беше пронајдена почината, co траги на ансилство, кавадaрчанка во нeјзиниот дом. Исртагата покажала дека таа е убиена а сомнение за сторител на ова дело е И.П. нејзин партнер. Против ова лице обвинител од ОЈО Кавадарци побарал од судија на претходна постапка на Основен суд Кавадарци, притвор за осомничениот. Судијата му одредил мерка на притвор во траење од 30 дена. СВР Велес со детали за настанот.
„На 30.01.2025 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.П.(42 год) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на 22.01.2025 во нејзиниот дом со гушење ја убил неговата партнерка С.С.С.(52 год) од Кавадарци. Починатата беше пронајдена од нејзината ќерка Д.Т., која веднаш го пријавила настанот во полициска станица. Додека, по преземени мерки од полициски службеници од СВР Велес - ОВР Кавадарци и Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал при МВР и по извршени вештачења и анализи во координација со ОЈО Кавадарци, обезбедени се докази и дојдено е до сознание дека И.П. го сторил делото“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Tweet |