речник контакт

Притвор за крадецот кои стори најмалку три тешки кражби во Велес

Л.М. ги сторил делата помеѓу 10-ти јануари и 11-ти април

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против  Л.М. 20-годишен велешанец против кого се поднесени три кривични пријави за кривични дела – Тешка кражба.

„Во временскиот период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои“ - соопштија од ОЈО Велес. .

Бидејќи се работело за лице кое нема постојано место на живеење и се јавува како чест сторител на кривични дела против имотот, па постои опасност доколку се брани од слобода да се даде во бегство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе предлог за определување притвор против осомничениот.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена.

Ова лице Л.М. е осомничено дека меѓу другото, ја украде кутијата со пари од Гостилница Боем,  донација за храна за социјално ранливите случаи. Последното дело е кога од дом на велешанец на 11-ти април одзел повеќе  предмети. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »