речник контакт

Притвор за осомничениот убиец од Кавадарци

Според поднесеното обвинение на Т.С. може да му се изрече казна затвор во траење најмногу до 40 години

Петар Печков

Кавадарчанецот Т.С.  (40 год) кого полицијата го осомничи дека е сторител на трикратното убиство од неделата вечер, доби еден месец притвор,  откако против него беше поднесена кривична пријава за убиство. Него полицијата го откри и уапси во понеделникот во 11.30 часот. Согласно новиот Закон за Кривична постапка, тој пред судија во  претходна постапка Основниот суд во Велес, не зборувал  за убиството, туку само за притворот.

На осомничениот, по барање на обвинителството му  е одреден мерка   притвор, за три кривични дела убиства, во траење од 30 дена од моментот на лишување на слобода. Таа е изречена поради постоење на основен страв, ако се брани на слобода ќе се даде во бегство и да го стори делото за кое и се товари. Согласно ЗКП  странките се изнесуваат само за мерката  притвор, додека за кривичното дело ќе се брани пред надлежниот обвинител во истрага    – рече  судијката Габриела Гајдова портпарол на Основен суд  Велес. 

Неофицијално осомничениот Т.С. побарал да не му се одредува мерка притвор, оти немал намера никого повеќе  да убива. Тој наводно бил многу лут и кај него предизвикало револт, што додека траела бракоразводната парница,  како вработени во Основен Суд Кавадарци, неговата сопруга и нејзината мајка влијаеле во донесувањето на одлуката. Според поднесеното обвиенине  на Т.С. може да му се изрече казна завор до траење најмногу до 40 години.  Од велешката полиција излегоа и со деталите, како се случило трикратното убиство.

На 9-ти ноември  околу 16 час. осомничениот се упатил во куќата на родителите на неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка и по кратка расправија со сега починатата Билјана Л. и Снежана Л. , со огнено оружје- пиштол кој го носел со себе, испукал по еден куршум во пределот на градите. Потоа, се качил на спратот од куќата каде бил Илија Л. во кој испукал еден куршум во пределот на градите, по што го избегал. Од здобиените повреди на лице место починале сопружниците Билјана Л. и Илија Л. , додека нивната ќерка Снежана Л. им подлегнала на повредите во Општа болница Кавадарци.  Осомничениот Т.С. е уапсен во понеделникот на градските гробишта во Кавадарци. Кога бил лоциран, имал пиштол в рака, кој го држел вперен  кон земјата. По издадена наредба од полицијата да се предаде, тој се дал во бегство, по што се  испукани  неколку предупредувачки истрели во воздух. Осомничениот продолжил да бега низ околните улици , за да на крај повторно влегува во градските гробишта каде е обиколен повеќе полицајци. По кратко убедување истиот го спуштил пиштолот и е лишен од слобода - изјави Анита Стојковска портпарол на  СВР Велес. 

Осомничениот претходно е пријавуван за кривично дело „насилство“ , кривично дело „телесна повреда“ и кривично дело „одземање малолетник“ и бил бранител во војната во 2001-та .  Тој од Основниот суд во Велес во Истражен затвор беше однесен со засилено полициско обезбедување.    

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »