речник контакт

Притвор за полициски службеник од Демир Капија, оти се сомничи дека извршил обљуба на синот

Осомничениот е на возраст од 50 години

Петар Печков

СВР Велес против лицето З.П (50 год) од Демир Капија, поднела кривична пријава до ОЈО Кавадарци, за делото „родосквернавење“. Надлежен јавен обвинител отворил истрага за З.П. кој бил полициски службеник и побарал мерка притвор за осомничениот.

„Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело Родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст.1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст.1 т.3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст.4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе Решение за определување мерка Притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години“ - соопштија од Основен суд Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »