речник контакт

Притвор за сведокот ,,Бреза,,

Златко Арсовски, познат од случајот ,,убиството во Ореше,, доби месец дена притвор, затоа што избегнуваше да доаѓа на главната расправа каде тој е обвинет за лажно сведочење

Петар Печков

Златко Арсовски, познат од случајот ,,убиството во Ореше,, доби месец дена  притвор, затоа  што избегнуваше да доаѓа на главната расправа каде тој е обвинет за лажно сведочење.  Судијата Шефшет Адеми му изрече 30 дневен притвор, откако утрото Арсовски се појавил во Основниот суд  во Велес, а откако му било кажано дека расправата не е  во 9,30 ч. туку во 11 си заминал. По оваa информација јавниот обвинител Славица Темелковски побaра притвор за обвинетиот.

Бидејќи очигледно дека обвинетиот одбегнува да ги прими поканите, одбегнува да се јави на главата расправа, барам да му се одреди мерка притвор. Ова заради обезбедување на водење  непречен кривичен процес и одржување на главна расправа – рече Темелковски.

По ова судијата Шефшет Адеми на обвинетиот Златко Арсовски му изрече мерка притвор од  30 дена. По добивањето на информацијата од КЗУ Истражен затвор дека Арсов е притворен, дополнително ќе се одреди денот на главната расправа.

Од девет закажани досега Арсов присуствал на само една, но тогаш неговиот адвокат беше отсутен, на сите други не беше достапен, иако во 4 наврати било барано од МВР тој да  биде доведен во судница, но никогаш не бил пронајден дома.  Во телефонски разговор Арсов  изјави дека тој бил спречен да дојде за расправата во 11 часот

Немав покана кога да дојдам, па преку една новинарка дознав дека сум од 9,30 часот. Кога отидов во тоа време, ми кажаа дека сум бил од 11ч. а во 11,30 имав закажано одамна третман на Клиника каде се лекувам и затоа заминав  - рече Арсов.

Портпаролот на Основаниот суд во Велс судијката Габриела Гајдова информираше дека  извршеното психијатриско вештачење врз обвинетиот покажало дека тој е здрав и може да го следи. Златко Арсовски е обвинет дека дал лажен исказ   како сведок  во  судскиот процес убиството во село Ореше. 

Првично, по негово кажување на овластени  службени лица им кажал каде  е рамка од пушка  која му била посочена во телефонски разговор  со Ѓоре Петровски, каде е  фрлена, во провалија близу селото, по што е најдена во фаза  на корозија. Во сведочењето на  судот неговиот исказ беше целосно изменет,  велејќи дека не е точно дека Ѓоре му се   јавувал, му давал инструкции каде е рамката, каде е пушката со кој треба да се  пука. 

На Арсовски се чека да сведочи и за случајот запалната амбуланта во село Ореше, за што досега 13 пати е баран а никогаш се нема појавени, како и во четвртото судење за убиството во Ореше.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »