речник контакт

Пријава за насилство во неготинско Дуброво над гости од велешко Иванковци

Истовремено пријава имало и дека имало закани од лице од Иванковци кон лицата од Дуброво

Петар Печков

Настан во неготинско село Дуброво, вчера , сабота претпладне. Едни се жалат дека биле натепани, друг дека добивал закани од лицата кои се жалат дека се нападнати  

„На 25 ноември  полициски службеници од ОВР Неготино во 09,45 часот ги лишиле од слобода Г.Д.(56) и С.П.(25), а во 13,30 часот Ц.П.(29) и И.Д.(46), сите од село Пепелиште, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека тие истиот ден утрото со патничко возило „ауди“ со неготински регистарски ознаки отишле на приватен имот во село Дуброво, неготинско, каде што биле Ј.К.(55), С.С.(58), М.М.(34) од село Иванковци, велешко и И.М.(39) од општина Росоман и ги нападнале со дрвени предмети. Исто така, пријавено е дека Ј.К. упатувал закани кон С.П. и Ц.П.“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »