речник контакт

Пријавата за бомба во ОУ во Кавадарци била лажна

Учениците и вработени во школото, билe безбедно евакуирани

Петар Печков

Пријавата за поставена бомба во Основното училиште „Гоце Делчев“ од Кавадарци била лажна. Тоа го констатирале  антитерористички проверки, кои биле извршени во објектот. Учениците и вработени во школото, билe безбедно евакуирани.

„Направени се сите потребни проверки во врска со денешната пријава од училиште во Кавадарци дека на електронската адреса на училиштето била испратена закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Утрово околу 08.20 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса од  Основното училиште „Гоце Делчев“   Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Минатата седмица во шест училишта во Кавадарци, три средни и три основни имаше пријава за поставени боми, а по извршените проверки,од страна на екипи на МВР се констатираше дека биле лажни.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »