речник контакт

Пријавен физички напад и оштетување на автомобил за Василица

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот

Петар Печков

На дочекот на Стара Нова, полицијата регистрирала инцидент, кој се случил  утрото пред ноќен клуб. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 14.01.2024 околу 5 часот пред ноќен клуб во Велес полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.Ј.(38 год) и Д.Н.(28 год) од Велес, по пријава од О.Б.(22 год) од Велес, затоа што, според пријавеното, во близина на ноќниот клуб П.Ј. и Д.Н. му го оштетиле патничкото возило „јагуар“, а П.Ј. физички го нападнал него и уште едно лице“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.

Лицата кои биле пријавени дека го извршиле нападот,  биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »