речник контакт

Пријавени два физички напади поради нерасчистени должничко доверителски односи

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите

Петар Печков

Изминатиот празничен викенд во велешката полиција пријавени два физички напади, кои според пријавителите биле поради нерасчистени  должничко- доверителски односи.

„На 7 јануари  година во 13 часот А.М.(24 год) од Велес пријавил дека околу 12.30 часот на улица „Петре Прличков“ во Велес, бил физички нападнат од Р.А’’ - соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

„На 6 јануари  година во 13 часот А.Е. (45 год) од Велес пријавила дека претходниот ден на улицата „Богдан Каракостев“ во Велес, по кратка вербална расправија, била физички нападната од М.А“ - дополни  Ѓаковска.

Според пријавеното, и во двата случаи причина биле меѓусебни должничко- доверителски односи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »