речник контакт

Пријави за бомби во сите училишта во Велес, сите биле лажни

Тоа се тие хибридни напади кои ќе се случуваат, не се нешто неочекувано - кажа премиерот Мицковски

Петар Печков

Без исклучок, во сите основни и срдни училитша во Велес, како и во повеќето градови во Македонија, добија порака дека има бомби во овие образовни институции. 

Дојави за бомби утрово ја прекина наставата во училиштата.Предупредувањето го добиле на е-маил.

Веднаш по приемот на пријавите, полицијата излегла на терен и презеле мерки за безбедно евакуирање на учениците и вработените. Сите дојави биле лажни, констатирала полицијата.

„Јас бев постојано во контакт со министерот за внатрешни работи, ме брифираше и конечно имам пресек досега, сите без исклучок се лажни дојави. Тоа се тие хибридни напади кои ќе се случуваат, не се нешто неочекувано. Ќе треба да се подготвиме. Постапено е според протоколот. Ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска, претходно во институциите во Унгарија и претпоставувам дека ова ќе биде континуитет кај нас, но мислам дека се креира еден протокол. Веќе работната група се состанува, работи на изготвување на протокол и денеска до крајот на денот ќе стигнат и насоките до училиштата, до директорите, но и до припадниците на Министерството за внатрешни работи што треба да се направи за да имаме непречено одвивање на наставата во овие објекти“, рече премиерот Мицкоски при денешната посета а по поставеното прашање од ТрМр.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »