Петар Печков
Објавено: вторник, 17 декември 2024
Две пријави од родители на деца, за извршени напади од вработен во спортска училиштна сала. Деталите од информацијата на СВР Велес. Инцидентите се случиле четвртокот доцна навечер и петокот на пладне.
„На 12 декември во 23.00 часот во Полициската станица Велес, А.К.(37 год) од Велес пријавил дека во спортска сала во општинско основно училиште во Велес, неговиот малолетен син бил физички нападнат од лице кое изведувало работи во салата“.
„Петок на 13 декември во 11.35 часот во Полициската станица Велес, Р.Ш.(32 год) од Велес пријавила дека во спортска сала во општинско основно училиште во Велес, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од лице кое изведувало работи во салата“
Од плолицијата најавуваат дека преземаат мерки за расчистување на настанот.
Tweet |