речник контакт

Пријавите за поставени бомби во училиштата во Кавадарци биле лажни, констатирало МВР

Наставата во попладневната смена во сите училиштата во Кавадарци продолжила непречено

Петар Печков

Антитерористички единици на МВР извршиле проверка и констатирале дека шесте пријави за подметнати бомби во училишта во Кавадарци се лажни. Утрово после седум часот, на електронската пошта, на шест училишта во Кавадарци, три основни и три средни пристигнало предупредување за поставени бомби. Учениците и вработените биле  безбедно евакуирани

„Направени се сите потребни проверки по упатените закани по електронски пат, до училиштата во Кавадарци. Се работи за лажни пријави. направени се сите неопходни безбедносни проверки, претходно се евакуирани училишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ - изјави Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.   

Евакуирани  биле   учениците од три основните училишта ,,Тоде Хаџи Тефов’’,,Димката Ангелов Габерот’’,,Страшо Пинџур’’ Кавадарци, и подрачните училишта во селата  Бегниште, Сопот, Марена, Возарци и Дреново,  како и  Гимназијата ,,Добри Даскалов’’, шумарското средно ,,Ѓорче Петров'' и  средното ,,Ќиро Спанџов Брко“.  Биле евакуирани и децата од клонот на градинка во село Марена, оти исиот се наоѓа до зградата на училиштето.  

„Сите закани биле со ист текст. Дури замолуваат да се испразни училиштето оти може да дојде до експлозија. И на крајот се заблагодаруваат. Очигледно е-маил кој треба да создаде страв и несигурност кај луѓето“ - изјави Митко Јанчев градоначалник на Кавадарци.  

Наставата во попладневната смена во сите училиштата во Кавадарци продолжила непречено. Јанчев   најави зајакнување на безбедносните мерки во училиштата и другите јавни институции во градот. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »