речник контакт

Пробиен пат до Ногаевци, но неизвесно е колку тој ќе биде употреблив

Патот до Ногаевци пробиен, но како натаму ќе се одвива животот во селото

Петар Печков

По петдневна блокада во четвртокот напладне,  пробиен е патот до селото Ногаевци со што триста жители можат да здивнат и да продолжат со вообичаениот живот, откако во неделата надојдениот Вардар го сруши мостот, нивниот излез кон светот. Тие од една страна помогнати со механизација од млекарницата ,,Милком,, а од другата машините на ЈП Македонија пат го пробија патот до селото  Кочилари во должина од шест километри.

Пет дена бевме отсечени, препуштени сами на себе. Во вторникот отидовме со трактор преку поле и беспаќе, до соседното село Кочилари да купиме храна. Беше тешко, но еве патот се проби, па децата ќе тргнат на училиште а работниците на работа. Добро е што никој овие денови од селото немаше потреба од лекар. Колку пати сме укажувале дека мостот е нестабилен, но локалната власт немаше слух за овој проблем, па тој падна. Овој земјен пат зимава не е решене, затоа треба што поскоро да се изгради мост – вели жител на селото.

Тие сметаат дека иако патот е пробиен ќе треба добро да се обработи, бидејќи во случај на дожд или снег тешко ќе може да ги издржи временските услови и селото повторно ќе биде отсечено. Од локалната власт на Градско уверуваат дека ќе сторат се патот технички да се изгради за да ги задоволи потребите на селаните.

Што се однесува до срушениот мост тој, како и сите останати  во земјава биле во надлежност на Фондот за патишта.  Освен срушениот мост кај Ногаевци во општината Градско,  во неделата малку требаше да се сруши и мостот кај селото Уланци,  па 24 часа беше забранет за употреба  бидејќи и тој е во лоша состојба. Стручњаците велат дека вакви мостови чинат околу 50 илјади евра а за нивна изградба се потребни најмалку шест месеци.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »