речник контакт

Проблем на лицата со посебни потреби

Уште една илустрација како се узурпира просторот наменет за лица со посебни потреби

Петар Печков

Најголем проблем на лицата со посебни потреби во Велес претставува архитектонската непристапност на јавните објекти и институции во градот.

Тротоари без заоблени ивичници, улици културни и други објекти без пристап се непремостлив проблем за овие лица и тие за нив се недостапни. Поради ова Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа започна кампања за пристапност до јавните објекти во градот.

За почеток тие изработија карта која ја насловија „Добредојдовте во (не)пристапен Велес“ која ги опфаќа објектите нивното опкружување и пристапност во централното градско подрачје.

- Оваа карта е илустрација на состојбата во градот во однос на пристапноста, не само на лицата со посебни потреби туку и на старите и изнемоштени лица и мајките со колички. Затоа започнавме кампања која ќе трае во наредните шест месеци кога ќе се обидеме да ја подигнеме свеста кај надлежните за пристапност до објектите од посебно значење, да обезбедиме пристап до нив како и адаптација на тротоарите и пешачка зона - вели Далиборка Златева претседател на здружението.

Листата на објекти до кој нема пристап е голема, почнувајќи од локалната самоуправа, Општинскиот суд, Поштата, банките, библиотеката, Мало мовче, надвозникот за населба Керамидна, Министерствата, инспекциите, УЈП.

\"\"

Според проценките и испитувањата на здружението 98 отсто од објектите во градот се архитектонски недостапни.  До нив нема обезбедено пристапни патеки со чија помош овие лица ќе имаат олеснет пристап до внатрешноста.

Златева се пожали и на лошата навика на возачите кои прописно обележаните паркинзи во градот, за лица со посебни потреби, ги  узурпираат. Кампањата е самостојна иницијатива на здружението без финансиска поддршка и тие  се надеваат дека листата од три објекти кои  засега се достапни Ликовниот салон, ОУ Васил Главинов и Поликлиниката ќе биде проширена.

Првите резултати веќе се видливи, бидејќи за само неколку дена од почетокот во Основниот суд веќе е изградена пристапна патека а Комерцијална банка најавила дека по празниците и кај нив лицата со посебни потреби ќе имаат можност за пристап.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »