речник контакт

Прогласена епидемија на мали сипаници на територијата на цела држава

Забранет е прием на невакцинирани деца во градинка и задолжителна вакцинација на сите здравствени работници, студенти и наставен кадар

Петар Печков

Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство прогласи епидемија на територијата на целата земја. Епидемијата се прогласува оти досега се регистрирани 961 заболен од мали сипаници, од кои 60 отсто се надвор од Скопје, и  дека веќе има прогласена епидемија во шест  региони, во кои живеат 55 отсто од населението и регистрирани се заболени во 20 други града.

Во Велес годинава има 19 лица заболени од мали сипаници. Во април има четири случаи,  едно лице  над 40 години вакциниран со две дози, две се не вакцинирани и еден вакциниран со две дози.

Пациентите во Велес се лица родени после 1973-та година. од 19 случаи имаме само три бебиња под една година, кога се прима вакцината - рече епидемиолог д-р Билјана Трајкова од Центарот за Јавно здравје Велес.

Станува збор за високозаразно заболување кое може да остави тешки последици по здравјето, затоа одлучивме да прогласиме епидемија во цела држава. Прва мерка е забрана за прием на невакцинирани деца во градинка, како и спуштање на возраста за вакцинирање од 12 на 6 месеци. Исто така, сите над 14 години што не се вакцинирани ќе може да се вакцинираат. Втора мерка е забрана за посета во болница како и задолжителна вакцинација на сите здравствени работници со две дози од вакцината, студенти и наставен кадар - изјави епидемиологот д-р Владимир Микиќ 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »