речник контакт

Продавал амфетамин и за да не го откријат голтнал две пакувања

Полицијата уапсила тројца велешани при купопродажба на амфетамин

Петар Печков

Велешката полиција уапсила тројца велешани, при купопродажба на амфетамин. Настанот се случил во кафеана во близина на автобуска.

„На 13 јануари, петок,  во 18 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.М.(49), Д.Ѓ.(33) и М.Т.(25), сите од Велес. Во близина на угостителски објект на Автобуската станица во Велес, полициски службеници службеници го затекнале Т.М. при продажба на амфетамин на Д.Ѓ. и М.Т., а подоцна во угостителскиот објект, откако ги забележал полициските службеници, Т.М. голтнал две пакувања со амфетамин“ - соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека  по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »