речник контакт

Продавачка жртва на крадец

Велешанецот Е.М. и ја украл ташанта на вработена во Жито Вардар при што и одзел 30 илјади денари и два мобилни теелфони

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето Е.М. (28) од Велес, поради основано сомнение дека сторил кривично дело Тешка кражба.

На ден 06.05.2010 година пријавениот дошол до продавница Жито Вардар лоцирана на улица Ј.Х.К.Џинот во близина на градскиот пазар во Велес, и ја чекал оштетената О.П. од Велес-вработена во продавницата да затвори, со намера да и ја одземе ташната во која го носела дневниот промет.

Откако истата ја затворила продавницата и се упатила кон својот дом, пријавениот незабележан од никого ја следел до нејзината куќа. Во еден момент, со употреба на сила и ја одзел ташната во која имало поголема сума на пари (околу 30 000 денари) и два мобилни телефона, по што трчајќи се оддалечил во непознат правец.

По извршување на кражбата едниот од одземените мобилни телефони го продал на непознато лице, кое потоа пак го препродало на друго лице.

По превземените истражни мерки, од страна на полициски службеници од СВР Велес, мобилниот телефон е пронајден а сторителот е приведен во Полициска станица и против енго е поднесена кривична пријава.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »