речник контакт

Продажба на Офицерски дом

Апелациониот суд ја потврди одлуката со која постапката на купопродажба на велешкиот Офицерски дом е вратена на почеток...

Петар Печков

Апелациониот суд ја потврди  одлуката со која постапката на купопродажба на велешкиот Офицерски дом е вратена на почеток, откако претходно Основниот суд во Велес истата  ја поништи.

Постапувајќи по тужбата на Министерството за одбрана од 13 јули годинава, кога бил доставен предлог за нејзино повторување, судијата Јордан Лазаров го усвои предлогот , бидејќи констатирал дека рокот за плаќање на понудената сума од 244 илјади евра кој бил осум дена,  сопственикот Кољо Мечкаров не го испочитувал.

И покрај тоа на 26 мај минатата година судијата Благој Анѓушев му издал решение за сопственост потврдувајќи дека тој ги уплатил парите, само врз основа на извод од сметката на фирмата на Мечкаров на која ја имало потребната сума.

Таквото решение не го обжалил тогашниот заменик правобранителот Никола Димовски, иако немало никаков доказ дека домот е платен. Тоа подоцна го утврдила и Владата па им наложила на Министерствата за одбрана и финансии да го поништат тендерот.

Сепак со судското решение кое го добил судијата Анѓушев, Мечкаров успеал да  извади имотен лист. Сумата од 244 илјади евра, која требало да ја плати пред три години, сопственикот  Кољо Мечкаров ја уплатил само еден ден откако државата од судот си го побарала имотот назад, потврдила Апелација.

За ова дело двајцата функционери добија кривични пријави а непознато е каде ќе се води процесот, откако предметниот судија од Основниот суд во Велес побарал пренесување на месната надлежност  за ова дело.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »