речник контакт

Продажба на велешката Топилница

При продажбата на велешката Топилница новиот сопственик ќе има обврска...

Петар Печков

При продажбата на велешката Топилница новиот сопственик ќе има обврска комплетно да ги обнови одделението за сулфурна киселина и пречистителните станици, како нови објекти, согласно со меѓународните ИТПС стандарди, кои ги применува и македонското министерство за животна средина. Ова го најави заменикот министер за животна средина Соња Лепиткова при престојот во Велес.

- Било кој инвеститор што ќе сака да влезе во Топилницата ќе мора да ја има „А“ интегрираната еколошка дозвола, како и елаборат за еколошкото влијание врз животната средина. Ова ќе биде прва клаузула при купопродажниот договор. Сите потенцијални инвеститори ќе мора да ја почитуваат оваа законска обврска, нема да дозволиме на градот да му се повтори  еколошката катастрофа од пред некоја година, која беше присутна со децении. - изјави Лепиткова.

Законот вели дека секој производител кој не работи три и повеќе години во натамошната постапка ќе се третира како нов а Топилницата не работи четири години.

Според Лепиткова ова е една од главните причини поради која инвестиротите го избегнуваат купувањето на овој комплекс а обновата на Топилницата е скапо вложување но само сериозни фирми можат да ги испочитуваат овие обврски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »