речник контакт

Продолжен празничен викенд, со три сериозна инциденти, две лица завршија на клиниките во Скопје

Пад од мопед, тепачка меѓу двајца братучеди и пад од трактор

Петар Печков

Тројца велешани тешко настрадале во три одделени индецентни кои се случија продолжениот празничен викенд. Двајца од нив завршија на клиниките во Скопје.

На 2-pи август  околу 19 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед „апн 4“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Р.(78) од Велес, излетал од коловозот - соопшти Верољуб Додески, порптарол на СВР Велес.

Во незгодата, Ѓ.Р. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Сообраќајната полиција извршила  увид на местото на незгодата.


„Лице на 78 годишна возраст, повредено при пад од мотор,  се здобило со фрактура на лицеви коски и десна потколеница, пациентот е  задржан на болничко лекување“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.
 
ТрМр ја праша и за состојба за двајцата тешко повредни лица, едното по пад од трактор во село Иванковци и вториот учесник во тепачка.

„На 31-ви јули во попладневните  часови  на одделот за хирургија донесено е лице на 42 годишна возраст, повредено при пад од трактор. Пациентот се здобил со отворена повреда на глава и фрактура на лумбален прешлен. По извршените прегледи од страна на дежурен лекар, пациентот е препратен на Клиника за Трауматологија Скопје“ - дополни Јованова.

Од СВР Велес информираа и за тепачка помеѓу двајца братучеди која се случила на 31-ви јули навечер.

„И.Р.(56) од Велес пријавила дека, на 31-ви јули  околу 23.00 часот, во дворот на нејзината куќа настанала расправија помеѓу нејзиниот син Д.Р.(37) и неговиот братучед О.Р.(41), по што, О.Р. со дрвен предмет го нападнал Д.Р.“- кажа Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

При тепачката повредениот се здобил  му тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Полицијата најавува дека работи на  расчистување на случајот

„На 1-ви август  од страна на Итната Медицинска Помош донесено е лице на 33 годишна возраст, во неконтактибилна состојба со повреда  на глава, поради сериозноста на повредите истото е препратено на Клиника за Неврохирургија“- вели д-р Јованова

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »