речник контакт

Продолжениот викенд го наполни езерото Младост (фото)

Некои за празничниот продолжен викенд во Грција,други во Дојран а трети на езеро Младост. Репортажа како беше таму овие денови

Петар Печков

Езерото Младост крај Велес, овој викенд  се наполни го гости. Иако летото е одамна започнато, сезоната за капење започна дури во средината на месец  јули. Рекордниот водостој, прв по април 1984-тата година, освоените плажи од водата, беа причина што капачите го одбегнуваа овој рекреативен излетнички центар. Но овој продолжен викенд тие дојдоа на бреговите од езерото, барајќи спас од високите температури, но и освежување и рекреација.   

 Доаѓам неколку пати годинава на езерото.  Ми се допаѓа, пријатно е убаво, тивко. Нема многу народ.  Водата  е погодна за капење, само е матна. Знам само дека  има повеќе гости од Скопје отколку од Велес - рече Ристо од Скопје, кој беше со семејството и уште еден брачен пар пријатели. Тие седеа под сенката на дрвјата, кои се бројни, но и стари со крошни кои создаваат дебелеа ладовина.  

Годинава сум прв пат на Младост. Имам природна атмосфера, природна сенка.  На Матка е ладно, на базен не ни се оди. Не сум дошол тука 10-тина години. И има многу промени. Порано тука  имаше кампери,многу народ, живот, имаше многу капачи. Сега е се редуцирано, ги нема камперите, нема живост. Имаше продавничиња.  Беше мало туристичко гратче. Очигледно се се сменило - вели Зоран Новковски од Скопје. И тој и останаите соговорници имаат сериозна забелешка, на хигиената.

 Потребно е да се остават повеќе корпи, да се чистат плажите, да се уредат. Забележливо е што дел од гостите немаат еколошка свест, па сметот го остават таму каде седеле. Потребно е да се вложи за да се вратат луѓето - вели посетител.   На т.н.Градска плажа, на влезот од езерото сите гости беа скопјнаи, велешани условно домаќините,  ги немаше. На езерото  преовладуваат автомобили со скопски регистраски табличики. Продолжениот викенд тие го искористија, да се одморат близу Велес. Неколкумина млади велешни, ,,ја бранеа честа,, на нивните сограѓани. Дојдоа цо ладно пиво во рака и скара која се подготуваше, атмосферата беше пријатна и славеничка.

Ние овде ќе го минеме празникот, работно на софра. Екипата е собрана, има дружба, весело е, се е таман.  Цела недела сме тука, така  затепевме и супер ни е.Важно е да се дружиме.Денес е гужва,доста народ дојде, нема место каде да се поставиме  - рече  Александар Петровски. Тука во близина беше уште едно велешко семејство, со гости од Прилеп. И додека сите патишта во земајва водат  на Пиво фест, некои го напуштиле Прилеп.

 Дојдовме со ќерката и нејзиното семејство да се одмориме. Во Прилеп немаат вода па еве им го езерото нека се бањаат. Додуша не е средено, не е за фалба, мора нешто да се стори, да не се заборави. Јас сум тука секој викенд,најблиску  ни е по работните обврски тука да се одмориме. Ама нема народ, оти нема плажи, нема вода, санитарии. Потребно е да се уреди, водата е топла  ама има тиња додека влезеш  - вели Зоран Радивоевиќ.

 Ако нема многу гости преку неделата, има рибари, тие секојднево се тука. Имаат добар улов, тврдат дека се фаќаат и добри парчиња, некои и капиталци, крапови, сомови...Затоа пак базенот и бавчата на Хотелот Романтик се преполни. Гости повтнро најмногу Скопјани, велешани, но и странци. Тие се на минување кон Грција, па за да земат здив тука преноќуваат. Околу водата мешавина од секави јазици,а место нема ниту за лек. Србите се најчестите странси гости. 

 Го знам Хотелот, базенот и секоја година на минување доаѓаме тука. Прекрасно е, се е одлично. Само уште да има приоден пат, кога се враќаме од Грција да можеме пак да стигнеме до објкетот би било идеално - вели гостин од Белград.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »