Петар Печков
Објавено: среда, 23 декември 2015
По паузата поради настапот на македонска репрезентација во квалификациите за СП, фудбалерите во футсал лигата се вратија на терените во земјава.
Во десеттото коло екипата на Велес гостуваше во Тетово, каде загуби од СЕЕУ со 5:3. Тоа беше натпревар на двете ниско пласирани екипи, 8-та и деветтата а велешани не успеаја да стигнат до победа која ќе ги искачи на табелата.
По 10 кола остануваат осми с о 10 бодови. Во следното 11-то коло, кое се игра викендов, тие повторно гостуваат, трет пат во три натпревари. Овој пат играат во Куманово против четврто пласираната екипа на Илирет.
Tweet |