Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 мај 2014
Младите волонтери од Фондацијата Фокус и подмладокот на ОО на Црвен Крст ја продолжуваат акцијата за сопирање хуманитарна помош за настраданото население од поплавите во БиХ и Србија.
Пунктот од денес понеделник после 13 часот е поставен на плоштад Сармаале. Ќе прима донации до 19 часот. Од организаторите потсетуваат дека е неопходна помош во храна, која е пакувана и со декларација, вода, хигиенски средства и средства за дезинфекција, како и тоалет хартија.
Од Србија и од БиХ најавиле дека во овој момент не е потребна облека. Од собраната помош овие два дена, количествата на вода и хигиенски средства веќе утре ќе заминат за Србија и за БиХ со помош на превоз обезбеден од локалната самоуправа на Велес.
Tweet |