речник контакт

Продолжува вакцинацијата во Здравствен дом Велес со нова пратка вакцини, кинески „Синофарм“

Овој пат се вакцинираат и лица под 75 годишна возраст но што аплицирале преку vakcinаcija.mk

Петар Печков

Продолжи вакцинацијата против ковид-19 во Велес. Од денeс до сабота повторно е отворен вакциналниот пункт во Здравствен дом, каде ќе се вакцинира највозрасната група. За разлика од претходно, овој пат се наоѓаат лица кои се пријавени преку страницата  vakcinаcija.mk и се на возраст и под 70 години. Тие добиле СМС порака за кој ден и во кој термин да се вакцинираат.

„Вакцинацијата продолжува, работиме од 8 до 13,30ч вклучувајќи ја и сабота. Сите лица ќе бидат вакцинирани со кинеска „Синофарм“ и веднаш ќе го добијат и терминот за втората вакцинација“ - кажа д-р Пандели Божиков.

Досега во Здравствен дом Велес вакцинирани се повеќе од илјада лица, сите над 75 годишна возраст, повеќето со вакцината на „АстраЗенека“ а помал дел со „Синофарм“. 

Од вчера дел од вработените во Здравствен дом Велес, две докторки и седум медицински сестри се на испомош во Кавадарци, каде се врши масовна вакцинација. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »