речник контакт

Продолжува изградбата на 110 kV далекувод ТС Велес - ТС Овче поле

Се заменуваат 56 бетонски и три челично решеткасти столбови

Петар Печков

Продолжува изградбата на 110 kV далекувод со кој се поврзуваат трафостаниците во Велес и Овче поле. За текот на работите, посета изврши раководството на МЕПСО,  генералниот директор на АД МЕПСО Сирија Рашиди заедно со заменик директорот Никола Рилак и проектниот тим.

„Рехабилитацијата на овој далекувод се врши на постојната траса на надземниот електроенергетски вод кој датира од далечната 1960 година. Модернизацијата на преносната мрежа од овој тип, е од особена важност во услови на растечки тренд за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија“ - изјавија од МЕПСО.

 Беа посетени  неколку градежни локации во близина на селото Мамутчево и во  општина Лозово на кој се одвиваат планираните градежни активности .

Изведувачот на работите, конзорциумот Далековод и Елнос монтираше четири нови челично- решеткасти столбови а паралелно се врши заземјување и ископ на неколку други столбни места.

Далекуводот ТС Велес- ТС Овче поле, е со должина од 20,94 км и е поставен на 83 столбoви. Од нив целосно се заменуваат 56 бетонски и три челично решеткасти столбови а целосно ќе биде заменета старата опрема. Инвестицијата е со вредност од 2,3 милиони евра, од кои дел се сопствени средства на АД МЕПСО, а дел се заем од ЕБОР. Изведувач на работите е Конзорциум на Далекувод Загреб- ЕЛНОС Бања Лука, а надзорот на градбата го врши Столб Битола.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »