речник контакт

Продолжува низата на позитивни со ковид-19 во Велес, вчера нови две лица

Едното лице корона вирусот го добило од член на семејството а второто лице од близок пријател

Петар Печков

Во Велес изминатото деноноќие регистрирани се два нови случаи на заразени со ковид-19. Тоа се две лица, едното корона вирусот го добило од член на семејството а второто лице од близок  пријател, информираа од Центарот за јавно здравје  Велес. 

Со тоа бројката на активни случаи о велешко се води 48 лица.

Од нив  20 се на хоспитализирани на Инфективното одделение од велешка Болница, една пациентка е пренесена попладнето на Инфективна клиника во Скопје додека една  пациентка   е пуштена дома, како оздравена а по двата негативни тестови  на земениот брис, информираа од Болницата. 

Според СВР Велес вчера има нови девет лица од велешко со решение за изолација и вкупниот број е 123 лица а во самоизолација се 25 лица од велешко. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »