речник контакт

Продолжува трендот на намалување на бројот на активни случаи, и денес еден починат од последиците на ковид-19

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 26 пациенти, тројца помалку од вчера

Петар Печков

Пети  ден од последните  шест,   во велешко повеќе оздравени отколку ново заразени случаи со ковид-19, покажуваат  податоците од Министерството  за здравство. Изминатите 24 часа има  45 лица кои се оздравени и 22   нови случаи  со ковид-19. Бројот на активни случаи во велешко  падна на  206 лица.

Во велешка Болница  има починато едно лице, жена на 88 годишна возраст од Велес , со коморбидитети и со ковид пневмонија. Со ова бројот на починати од последиците на корона вирусот во велешко е 310 лица.

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 26 пациенти, тројца  помалку од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  21, на  Интерно  петмина. Испишани се тројца    пациенти со  еден негативен тест..    

„Потврдено позитивни се 17, непотврден  се четворица   и негативни се петмина   пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 16 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Од хоспитализираните на Интерно одделение, 15 лица се од Велес, 3 од Свети Николе и по еден од Скопје, Градско и Ногаевци.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »