речник контакт

Продолжува трендот на повеќе оздравени 37, отколку ново заразени 36 со ковид-19 во велешко

Активни се 715 пациенти, во велешката Болница се сместени 68 лица.Во Болница починал маж со симптоми на ковид, но непотврден случај

Петар Печков



Од Центарот за јавно здравје Велес  ја соопштија состојба со корона вирусот.    Ново заразени денес  во велешко се 36  лица, или вкупно досега  2.037. Оздравени се  37   пациенти а нивниот вкупен број е   1.255. Или продолжува трендот на повеќе оздравени отколку заразени. Починати се 67 лица, активни се   715  од нив во велешката Болница се сместени  61 , во приватни клиники во Скопје се  а на домашно лекување  се  648  пациенти.

Од велешката Болница информираа дека таму се хоспитализирани вкупно 68 пациенти од кои 56 потврдени позитивни, седум сомнителни и пет со негативни тестови но со здравствени проблеми, 25 пациенти се на кислородна поддршка.

Вчера пред полноќ починат е маж од Велес на 71 година примен претходниот ден во тешка општа состојба со ниска сатурација на кислород, непотврден на ковид-19. На  Инфективно одделение сместени се  54, на Физикално девет и на  Интерно пет.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »