речник контакт

Продолжуваат контролите, колку пешаците минуваат на пешачки

Вчера биле констатирани и санкционирани седум пешаци

Петар Печков

Последниот ден од февруари,  во Велес е спроведена акција за контрола, колку пешаците ги почитуваат сообраќајните прописи. Или поедноставено, дали минуваа на пешачки или на зелено светло од семафорот.


„На 28-ми февруари во периодот од 14 до 18 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, во Велес  биле констатирани и санкционирани  седум пешаци, или вкупно на подрачјето на СВР Велес 18 прекршоци“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Останатите прекршоци ги сториле пешаците во Кавадарци девет  и  во Неготино два. Засилените акциски контроли од полицијата најавуваат дека   продолжуваат во наредните денови.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »