речник контакт

Продолжуваат сообраќајните контроли на полицијата

Полицијата промовира свои активности, но без доволно детали за целосна информација

Петар Печков

Полицијата промовира свои активности, но без доволно детали за целосна информација. Така и денес лиферуваше соопштение за сообраќајни контроли изведени викендов, што за читателот е дилема, кои денови и во кои период од денот е таа спроведена. И голи бројки за откриени сторители, но не и колку контроли се извршени. Или  останува дилемата од колку  возачи се откриени шестмина под дејство на алкохол , од 30-тина или  од шест контроли сите шестмина биле позитивни.  Еве го во целост соопштението на СВР Велес, дистрибуирано и од портпаролот Верољуб Додевски и од МВР на страница на МВР, во билтени.   

За време на викендот на територијата на СВР Велес спроведена е контрола на возачите кои не почитуваат првенство на минување и нa возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа, биле откриени 12 возачи кои не дале првенство на минување(седум во Велес, три во Кавадарци и два во Неготино) и 20 за управување на возило под дејство на алкохол(пет во Велес, осум во Кавадарци и седум во Неготино). За сите прекршоци изготвени се соодветни санкции - пишува во соопштението.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »