речник контакт

Проект Тиквеш, за одбележување на 100 години од Првата светска војна

Во Ликовниот салон отворена изложба со документи и фотографии од присуството на французите во текот на Првата светска војна, на подрачјето на Македонија

Петар Печков

 Со изложба и промоција на книга во Велес беше промовиран проектот ,,Тиквеш,, кој ќе се работи се до одбележувањето на стоте години од почетокот на Првата светска војна. За французите можност за помирување но и за докажување дека тука пролевале крв, додека за македонците да се даде одговор дека и тие биле тука  и гинеле во тој крвав период на светската историја

Проектот ,,Тиквеш,, е важен од историска гледна точка, затоа што француското присуство овде  е очигледно и  докажано со пролевање на многу крв низ историјата. Тој е важен и за иднината, бидејќи тој промовира помирување на сите и за сите,  а тоа го докажуваме по крвавата Прва светска војна– изјави Жан Клод Шлумберже францускиот амбасадор во Македонија. 

Во ликовниот салон во Велес беше отворена изложба ,,96 години од една француска мисија во Тиквешијата 1915-2011,,  и промовирана на книгата  ,,Сказни за солунската армија ,, од Џерар Вард Прајс.  Со овој настан беа одбележани Деновите на франкофонијата во Македонија.

Во Македонија во Првата Светска војна се војувало без да се праша македонскиот народ. Сакаме да ја откриеме вистината во пресрет на јубилејот, бидејќи тие што загинале на македонска почва не можат повеќе да војуваат а живите немаат право да прославуваат тука и да градат споменици, без да се каже каде бил македонецот во тоа време – изјави Благој Зашов претседател на Франкофонското здружение во Македонија.

Целта на проектот ,,Тиквеш,, е пронаоѓање, евидентирање, обнова и одржување на гробови и гробници и одбележување на историски места на судири во почетокот на Првата светска војна во регионот Тиквеш, како и почит кон загинатите француски војници и офицери во Првата светска војна на територијата на Македонија и  ширење на пријателството меѓу македонскиот и францускиот народ

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »