речник контакт

Проект на Светската банка во Велес

Дваесет и четири деца од Велес улицата ја заменија со детска градинка. Од почетокот на месецов, тие се згрижени во топла просторија и добиваат дневно по два оброка.

Петар Печков

Дваесет и четири деца од Велес улицата ја заменија со детска градинка. Од почетокот на месецов, тие се згрижени во топла просторија и добиваат дневно по два оброка.

Барем за малку веселата детска насмевка повторно е на нивните лица а смеата и жагорот се дел од опкружувањето, наместо уличниот ќотек, тажниот поглед  и плачот кога несовесните луѓе неправедно ги казнуваат.

Наместо да бидат оставени на милост и немилост на  улицата, тие добија покрив над главата но и тоа што најмногу им недостига, љубов од двете воспитувачки  кои се реализатори на проектот.

- Работиме на вклучување и ресоцијализација на децата кои се родени и оставени на улица. Тие потекнуват од разведени родители, самохрани мајки или доживеале стресни состојби, физички или сексуално злосторување - објаснува Маре Амбаркова реализатор на проектот.

Децата се пресреќни што конечно некој се грижи за нив. Во градинката престојуваат по четири часа, во кој период тие што одат на училиште ги работат домашните задачи а во остатокот од времето играат. Многубројните играчки за нив се вистинска радост, бидејќи тоа го виделе само на слики.

Елизабета не се одвојува од кулите, Кире гради кули, Аце не ја испушта топката и сака да стане познат кошаркар,  Бахар и Усеин заедно  пак составуваат слагалки.

Тука за прв пат се сретнаа со јунаците од бајките и приказните, кои воспитувачките Маре и Даниела им ги читаат или прераскажуваат. И двете велат дека на децата најмногу им недостига галење и љубов а тие во овој период успеале да ја стекнат довербата.

- Работиме индивидуално со секое дете, бидејќи секое има свои потреби. Успешно го минаа адаптационот период, ги дознавме нивните проблеми и стресови - објаснува Маре. Преку цртежи, пишување, разговори децата емотивно се празнат од негативната енергија, која подолг период ја собирале. Секое од нив има тажна судбина зад себе, некое живее со баба та бидејќи нема родители, на друго таткото е алкохоличар, трето и двајцата родители се наркомани, но сите ги поврзува улицата каде до неодамна го минувале денот.

Сега се учат на основните хигиенско-здравствени навики, да ги мијат рацете пред јадење и забите после јадење а ги добиваат и воспитните навики. Изборот  на деца кои се згрижени  е направен од Центарот за социјални грижи во Велес. Десетгодишниот Мартин е воодушевен од неговиот нов дом и среќен што ги има тетките Даниела и Маре.

- Овде сретнав многу деца и научив за Пепелашка, Снежана и седумте џуџуња, трите прасиња. Убаво е и имаме храна и топло, наместо да бидам надвор цел ден - вели Мартин кој не ја крие среќата што ја посетува градинкта.

Кај него и останатите деца резултатите од престојот тука биле евидентни, бидејќи на училиште веќе покажале резултати. Оваа активност е дел од проектот  ,,Социјализацијална инклузија на воспитно  запуштени деца“ а се реализира со финансиска помош на Светската банка.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »