речник контакт

Пролетните дождови го качија нивото на реката Вардар во Велес

Утрово, среда, се измерени 138 цм што е за 18 цм повеќе од вчера

Петар Печков

Пролетните дождови го покачија новото на реката Вардар во Велес. Според УХМР вчера, вторник и денес, среда, наутро измерени се вредности од 120 односно 138 цм во центарот на Велес. За споредба претходно беа измерени 110 цм.

Ова покачување се должи на обилните врнежи кои ја зафатија земјава, посебно во северните делови. Поради тоа притоките на Вардар, реките  Треска и Пчиња имаат висок водостој,  кој е присутен и утрово, па се очекува дека ова ниво на Вардар во Велес ќе се одржи во текот на денешниот ден. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »