речник контакт

Промената на имињата на улиците ги подели велешани

Нема одговор на дилемата ќе ги чини ли 6,6 илјади велешани оваа одлука по 3-4 илјади денари од лице? Предлагачот ВМРО-ДПМНЕ вели НЕ, СДСМ тврди ДА

Петар Печков

Промената на имињата на дел од улиците во Велес ги запали политичките страсти во градот, партиите заземаа дијаметрално спротивставени ставови, граѓаните уплашени од потребата за замена на бројните лични документи. Власта со објаснување дека е време да се избришат идеолошките  имиња од улиците, опозицијата смета дека сега не е време, поради финансиските трошоци кои оваа одлука ги носи. Дел од граѓаните, кои се засегнати од оваа одлука,  протестираа пред зградата на локалната власт.

Се собравме тука, поради промената на имињата на улиците. На овој сиромашен народ уште тоа му фали.Сите документи треба да ги смениме, од лична карта, пасош, имотен лист во катстар, возачка дозвола. Тоа би чинело до четири илјади денари по човек. Гробните места ги качија од 60 на 120 денари месечно, што се уште нема да качат. Тоа се пари, од каде да ги најдеме, што попрво, за живот, за комуналии или за двакви давачки - велат жителите на улиците  чии имиња  се најавува дека ќе се сменат. Одлуката за промената беше донесена по пет  часовна дебата  во општинскиот Совет, во два часот по полноќ.

Време е Велес да се ослободи од комунистичките имиња на бројните улици. Променети се 17 улици, кои советниците со мнозинство гласови ги донесоа. Оваа процедура е започната уште во март 2007-та година, ја наследивме од претходниот Совет и не е ништо ново – рече Славчо Чадиев претседавач на Советот на општина Велес.

Поларизираноста на советниците и дијаметрално спротивните ставови, ќе ги чини ли граѓаните промената на имињата пари, нема одговор.

Спроведовме анкета и потписи од 3,5 илјади граѓани кои живеат на овие улици. Тие се против една ваква одлука.  На тие 17 улици живеат 6,6 илјади полнолетни граѓани кои ќе треба во рок од 30 дена да сменуваат лични карти, пасоши, имотни листови, возачки дозволи, фирмите  адресата на  работење и фискалните каса. Во консултации со  правната служба на Собранието на Република Македонија, стручните лица од Службен весник, тие ни потврдија дека граѓаните имаат законска обврска во рок од 30 дена да ги променат нивните лични документи. Пресметките се дека граѓаните ќе треба да плаќаат по 3,5 илјади денари нови трошоци по еден полнолетно лица – вели Дејан Гавазов, координатор на советничката група на СДСМ во велешкиот Совет.

Тие прашуваат каде е идеологијата во промената на улицата ,,Првомајска,,  кога 1-ви мај е државен празник, или што има идеологија во улицата ,,Нишка,, кога остануваат ,,Сараевска,,  и ,,Белградска,,   .

Невистина е тоа што колегите од опозицијата тврдат дека ќе треба да се менуваат личните документи. Во ниту еден Закон што регулира   проблематика за лични исправи, не стои обврска дека граѓаните треба да ги   промени,  ако се смени улицата каде живее. Ова не е прв  случај во Велес да се смени име на некоја улица, имало и претходно. За да нема нејаснотии, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Илија Димовски поднесе иницијатива  за дополнување на Законот со кој  јасно се додава став, каде е прецизирано дека документите важат се до  моментот на истекувањето на нивниот рок, иако се со стара адреса. Добивме ветување и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека оваа промена ќе мине во Собранието – вели Александар Колев координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во велешкиот Совет. 

Од партијата посочуваат дека четворица советници од опозицијата, иако имале законска обврска, откако ја промениле адресата на живеење, тие не ја почитувале, не се пријавени на новите адреси каде живеат и не ги смениле личните карти.   За нивните колеги од опозицијата нејасно е зошто не се  именувани улиците кои сега се само бројки или безимени.

Дали колегите од власта  знаат дека во месноста Речани има улици без имиња , во Тунелот  има со број, иако тоа со постојниот Закон е недозволиво. Зошто тие илици не ги именуваа. Ако беа сигурни во донесените одлуки, зошто нивниот пратеник поднесе предлог за промена на законот – вели советничката  од СДСМ Билјана Кошинова Тевчева 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »