речник контакт

Променети избирачки места

Промените се однесуваат само за локалните избори

Петар Печков

Државната изборна комисија информира дека во Велес и општина Чашка променети се неколку избирачки места.

Избирачкото место 2158 од објектот на велешки театар се дислоцира во Гимназијата. Ова избирачко место ги опфаќа жителите од улицата Благој Ѓорев од 1 до 59, сите непарни броеви, и  сите жителите од улиците Петре Алчев и Васил Ѓоргов.

Избирачкото место 2176 од просториите на Дневниот центар на лицата со попреченост, близу Агенција за вработување се дислоцира во зградата на ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот. Ова избирачко место ги опфаќа жителите од улицата Благој Јосмов, Димитар Влахов и Јован Наумов Алабакот, сите боеви.  

Избирачкото место 2192 во село Иванковци  од просторијата на граѓанскиот центар се дислоцира во зградата на ОУ Стојан Бурчевски Буридан.

Гласачкото место во село `Рлевци е укинато и се гласа во село Бузалково.

Гласачкото место во село Клуковец е укинато а се гласа во Горно Оризари.

Во Општина Чашка променети се три избирачки места.
Избирачкото место 2204 во Долно Јаболчиште од ОУ  Лирија се дислоцира во Селскиот дом.   

Избирачкото место 2229 во село Лисиче од Селскиот дом  се дислоцира во поранешната здравствена амбуланта.    

Избирачкото место 2237 во село Војница а гласат и жителите од село Витанци,  од селската зграда  се дислоцира во Спомен куќата на Коле Неделковски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »