речник контакт

Промовиран Германскиот клуб на невладината организација Интеграција Мало Мовче

Цели на здружението се развој на човекови и демократски права, одржување на курсеви, обуки и советувања за интеграција

Петар Печков

Интеграција Мало Мовче е организација која се занимава со ЕУ-интеграција како и со интеграција на малцинските групи граѓани во општеството.  ИММ е основана во почетокот на 2013 год. во Велес. Цели на организацијата се: развој на човекови и демократски права, одржување на курсеви, обуки и советувања за интеграција и мобилност. 

Германскиот клуб нуди четири типа на курсеви кои неговите членови можат да ги посетуваат, и тоа: Курс по германски јазик, разговорен курс по германски јазик, курс за културата на германските народи и курс за политичко-правен систем на земјите од германско јазично подрачје. Членови на клубот можат да бидат сите граѓани на Велес кои имаат големи интереси за јазикот, културата и системот на германските народи вели Верица Анѓушева Ѓоргова, претседател на здружението.  

Германскиот клуб е карактеристичен и единствен во градот по тоа што ја нуди програмата за изучување на германскиот јазик која се применува за подготвување за приемен испит на Виенските универзитети, а е водена од личности кои оваа програма ја посетувале. Германскиот клуб го раководат луѓе кои живеат или живееле во земјите од германско јазично подрачје и имаат за цел да ја пренесат поблиску до граѓаните нивната култура, јазик и систем на што е можно по прифатлив начин. Воедно клубот нуди и советување при евентуална миграција во овие држави.

Како идни цели на клубот се: вклучување на волонтери од германските земји во програмата; екскурзии во германските земји (Австрија, Германија и Швајцарија); посредување и советување во студентски, експертски и стручни стипендии, размена на волонтери, пракси и работа. 

https://malomovce.wordpress.com

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »