речник контакт

Промовиран 24 број на списанието „Велес“

Низ постојаните пет рубрики, списанието останува верно на неговата ориентација, автори, дела, појави, кои се непосредно поврзани за Велес

Петар Печков

Промовирано е новото 24 по ред издание на списанието „Велес“.  Тоа е издание на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. Во него се објавуваат текстови поврзани со градот Велес, од историја и сегашноста, од автори родени во градот или од други места, но  чии текстови се наменски за Велес.

„Низ постојаните пет рубрики, списанието останува верно на  неговата ориентација,  автори, дела, појави, кои се непосредно поврзани за Велес. Тука  е текстот за родоначалникот на современата македонска литература Кочо Рацин,   како и за неговите колеги кои во тоа време пишуваат на некодираниот македонски јазик, Ангел  Димов Гече, Кире Димов - мали Кире, Борис Оцевски. Тие го следат Рацин во најзначајното прашање пишувањето на мајчин јазик. Има текст за војводата Алабакот, кој е присутен  во усната македонска традиција како најзначаен извор. Посебно е интересен текстот за епидемијата на чума,  како Велес во втората половина на 19 и првата половина на 20 век се справува со оваа болест. Има текст и за бардот на македонското глумиште Тодор Николовски, осветлувајќи го неговиот живот“ - кажа промоторот  проф. д-р Васил Тоциновски.  

Списанието „Велес“ излегува од 1997 година, еднаш годишно, се финансира од страна на издавачот.   Почетоците се поврзани со Друштвото за наука и уметност Велес. Списанието е покренато  на иницијатива на Александар Спасов, Вера Весковиќ Вангели и Васил Тоциновски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »