речник контакт

Промовиран документарниот филм „Историјата на Оризари“ ( фото видео)

Филмот во траење од 53 минути е во продукција на „Глас на Оризари“

Петар Печков


Во рамките на Фестивалот на документарен филм Македокс, и патувачкото кино, во неделата вечер, на завршната проекција која се одржа во Горно Оризари, беше промовиран документарниот филм „Историјата на Оризари“.

Филмот е во продукција на „Глас на Оризари“ во времетраење од 53 минути. Истиот може да се погледне тука. 

Во документарецот кој започнал да се работи од 2016 година, со собирање на фото и видео материјал, има сведочењана десетина лица, постари жители на Горно Оризари доселени од Санџак. Има податоци и од Државниот архив но и млади жители кои говорат за животот во населбата.

Сценариото е на Семир Алимов, монтажата на Елмин Каришиќ, наратор е Енвер Карталовиќ.

 фото „Glas Orizara“

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »