речник контакт

Промовиран зборникот ,,Велешки поетски пулсирања,,

Собрани се стихови од велешките поети. Пресек на нивната работа минатата година

Петар Печков

Во Ликовниот салон вчеравечер беше промовиран зборникот   ,,Велешки поетски пулсирања,,, Во него се собрани стихови ан велешките поети, членови на клубот на писатели од Велес ,,Коста Солев Рацин,,. Во него авторите од градот се преставени со нивни песни создадени во минатата 2015-та година.   

Овој зборник е извонреден пример дека еднаш посеаното семе продолжува. Литературата потекнува од самиот живот а таа е нешто повеќе од обичниот живот. Вечерашната промоција е еден документ кој потврдува дека Велес  и понатаму е  македонистички центар по кој се препознаваме и идентификувавме. Заветите што се оставени за вакви и идни чекори се реализираат  - рече промоторот проф. д-р  Васил Тоциновски.  

Во зборникот има претставено 30-тина автори како и по тројца средношколци од сите четири средни училишта од градот. 

 Ова е второ издание. По тоа од 2014-та ова е за 2015-та година.  Не е лесно да се  соберат делата бидејќи имаме доста автори во градот, и да се објават во зборник, кој ќе остане за следенети генерации. Исткаен е со стихови од познати и непознати автори  - образложи  Лила Арсова претседател на  клубот на писатели од Велес ,,Коста Солев Рацин,,.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »