Петар Печков
Објавено: четврток, 11 јуни 2026
Промовиран е новиот број 27 по ред, на списанието „Велес“. Тоа излегува еднаш годишно и во него се текстови за Велес и велешани, роднокрајни теми, автори потписници може да бидат секој кој работи и пишува за градот.
„Да припомнам на академик Александар Спасов и проф. др Вера Весковиќ Вангели, со мене заедно со години работевме на ова списание. Затоа сме годи и се радуваме на секој нов број. Во овој број автори на текстови се девет доктори на науки, од нив четворица се редовни порфесори. Тоа говори дека се нуди материјал кој е вреден. Така може да се прочита за првото македонско списание Македонка, за поврзувањето на Велес со железничка пруга со соседните градови, за пазарите во Велес. Ако некои работи не се запишат, објават, тие нема да се меморираат ќе се заборават како да не постоеле. Иднината ќе ја имаме само ако ја запишеме историјата, денес помниме, задутре се сеќаваме за потоа ништо, заборавот го сторил своето“ - кажа Васил Тоциновски уредник на списанието.
Тој потенцира дека само два града во Македонија Велес и Битола имаат вакви градски списанија.
Списанието го издава Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес. Промоцијата беше во родната куќа на Рацин и дел од содржините на 63-тите Рацинови средби.
| Tweet |




