речник контакт

Промовиран романот „Жетва“ на велешанецот Емилио Јанковски, негово шесто дело (фото)

Се работи за автобиографска фикција, дело поделени на два дела

Петар Печков

Промовиран е романот „Жетва“ дело на велешкиот автор Емилио Јанковски. Ова е негово шесто дело.  Делото  е поделено на два дела – првиот го следи патешествието на писателот во обидот да стигне до публиката, процесот на пронаоѓање издавачки куќи и промоција на книгата, додека вториот дел претставува паралела помеѓу урбаниот живот и животот во природна средина.

„Се работи за автобиографска фикција, во која се зборува за патешествието на еден писател, уметноста во градот, природата на селата, за еден копнеж да се живее надвор од урбаноста, мирен и спокоен живот - во градите на полјаните, во тремовите на цветните градини. Во книгата се испреплетуваат книжевноста, идеологија, философија, утопија на една заедница која се стреми да се оддели од системот, со своите правила на идеологија, и со потрага по дамна заборавеното време“ – кажа авторот Јанковски. 

Делови од книгата читаа Тања Митревска и Сандра Илиева. За романот говореше и рецензнтот Виктор Хаџи Арсов.  Како дел од содржините на промоцијата беа изведени неколку музички нумери  од  Матеја Русјакова и Емилио Јанковски, во придружба на Диме Русјаков, Јована Димовска, и Сандра Илиева.

„Инспирацијата да го напишам романот ,,Жетва" дојде оној момент кога во паркот седев под сенка на едно дрво, и го читав Кафка... Одеднаш ми навраа толку чувства, и мисли, што просто побараа да бидат споделени и изразени, како и секогаш, на хартија. Така започнав да го пишувам романот со многу измени, поправки, пребришувања, додавања, на моменти со фрустрации, разочарување, но и со многу возбуда, и солзи, за на крај да речам  дека завршив. Кафка во „Преобразба" зборува за една метафора како човекот се преобразува во бубачка, и од неа семејството се гади, јас зборувам за преобразба на човек во семе, и од тоа семејството се гордее. Напишав за едно „дамна заборавено време", односно за природата, од која ние луѓето се отуѓивме“ – додаде Јанковски. 

фото Градска библиотека Гоце Делчев Велес

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »