речник контакт

Промовиран трудот „Рекламата како текст“ на Снежана Петрова Џамбазова

Во овој труд, авторката ги разработува телевизиските реклами пред 15-тина години, од националните или локални телевизии

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес беше промовирана книгата   „Рекламата како текст“ -со посебен осврт на јазичните особености на телевизиската реклама, труд на Снежана Петрова Џамбазова.

Со овој научен труд докторира 2016-та година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа работи во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

 „Авторката покажува интерес за повеќе работи, како што се стилистиката,  синтаксата, лексиката,  лексикографијата.   Се гордееме што Снежана Петрова Џамбазова е една од 22-цата доктори на науки во Институтот. Очекуваме дека нејзината научна дејност ќе се множи во наредниот период“ рече д-р- Елена Јованова Грујовска директор на Институтот за македонски јазик  „Крсте Мисирков“.  

Иако книгата била издадена 2019-та, поради пандемијата со ковид, таа вечерва беше прв пат промовирана,  и тоа во родниот град на авторката.  Промотор  на книгата беше е проф. д-р Димитар Пандев.

„Во овој труд, авторката ги разработува телевизиските реклами пред 15-тина години, од национални или локални телевизии. Некои веќе не постојат но се дел од нашата историја.   Токму рекламата го покажува животот на јазикот. Зад рекламите стојат студија или некој непознат, кои  како фолклорните собирачи, ќе биде познат по некоја синтагма. Некои од нив и денес, по толку години  се модерни и актуелни. Таа како чувар на јазикот, посебно внимание посветува на  неговата чистота“ -рече промоторот Пандев.  

Снежана Петрова Џамбазова е автор на четири  монографии и повеќе коавторски трудови, меѓу нив и на „Дигиталниот речник на македонскиот јазик“. Авторка е на две поетски збирки за возрасни „Направете место“ и „Постела за сонот“. Објавува и поезија за возрасни во повеќе списанија. Пишува и поезија за деца. Авторка е на збирката „Другарска азбука“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »