речник контакт

Промовирана збирката поезија „Просторот зад мојата насмевка“

Автор на книгата е Светлана Босилкова Далевска. Ова е нејзино трето дело

Петар Печков

Родно-крајната авторка Светлана Босилкова Далевска ја промовираше нејзината книга „Простор зад мојата насмевка“. 

Тоа е нејзино трето дело, првото беше романот „Лавица на жица“ издаден 2019-та година,  следната беше „Мисловна вртелешка“ издадена лани и ова збирка поезија, која неодамна излезе од печат.

 „Во неа пишувам за животот, човекот, љубовта.  Тоа не се рески целини, туку трите во една целина. Ние сме луѓе дојдени на оваа планета, од љубов  направени и родени, и љубовта ја делиме.  Јаc верувам во оваa порака“ - кажа авторката Босилкова Далевска.

Промотор на книгата беше Светлана Ќулумова.  Таа создаде интеракција со присутните на промоцијата и на необичен начина ја промовираше.

„Секоја книга нa Светлана е посебно доживување. Освен што нуди нови песни, нови дела, авторката го менува пристапот, темите и начинот и секогаш е нова и интересна. Може нешто ново да се прочита и научи.  Во оваа книга пишува песни за циклусот на човекот, за љубовта, животот“ - рече промоторката Ќулумова.  

Во музичкиот дел настапи на гитар Благоја Пановски.  Организатор на промоцијата беше Локалната библиотека „Гоце Делчев“ а се одржа во Ликовниот слон.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »