речник контакт

Промовирана книгата ,,21,, од Игор Крајчев

Ова е петта книга, трета поетска на Крајчев, за која ја доби наградата ,,Јован Котески,, за 2019

Петар Печков

Вчеравечер во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ , пред бројни љубители на пишаниот збор и мисла, беше промовирана стихозбирката  „21“ на авторот Игор Крајчев. Тоа е негова петта книга, трета поетска, во која има 21 песна, поделени во три циклуси.

Промотори на книгата беа проф. д-р Кристина Николовска и проф. д-р Венко Андоновски. Според него тоа е стихозбирка со која авторот докажува дека е во врвот на македонската поезија и тоа не само од помладите автори.

Авторот на многу едноставен начин, со многу малку зборови постигнува максимум значење во песната, а тоа е врв идеал на секој поет. Во „21“ Крајчев се прашува за основните животни филозофски прашања, Што е животот? Што е смртта? Постои ли бесконечност или не? - кажа промоторот Андоновски. 

Со стихозбирката ,,21,, во издание на ,,Матица,,  на македонски и англиски јазик, Крајчев   ја доби наградата „Јован Котески за 2019“.На промоцијата стихови на македонски јазик читаше актерката Талија Настова а на англиски Сандра Нешова Крајчев.

Ова дело го потврдува Игор Крајчев, како еден од оние мајстори што го следат Рациновото стебло во поезијата. Тоа е начелото на едноставност, со едноставни зборови и фрази да се постигне максимум -додаде  Андоновски.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »