речник контакт

Промовирана книгата ,,Белата бреза,, од Божидар Јовиќ

Со неа ја добил наградата Книжевен светилник, на Друштвото на писатели на Битола

Петар Печков

Во Ликовниот салон вчеравечер, понеделник, беше промовирана најновата книга на роднокрајниот автор Божидар Јовиќ.  Тој со ова дело учествувал на конкурсот на  Друштвото на писатели на Битола каде била наградена со Книжевен светилник.  Промотор на делото беше поетесата Павлина Климкар Меанџиева. 

Ова е обид на авторот да навлезе во ново за него подрачје, во светот на поезијата. Јас го познавам одамна  и од друга сфера и затоа изненадува, не  затоа што е задоцнето, туку позрело се гледа на  животот.  Така тоа чувство и доживување  се пренесува на хартија и мене пријатно ме изненади - рече промоторот Климкар Меанџиева.

 Извадоци од текстот читаа  актерката Слободанка Чичевска и  ученици  при   средни училишта  Кочо Рацин и Димитрија Чуповски. Организатор на промоцијата беше Народната библиотека Гоце Делчев од Велес. 

Денес за мене е посебен момент  промоцијата на оваа книга поезија. Таа беше мое проткајување од најраната младост. Уште како студент објавува песни во Студентски збор и Младински весник. Тоа беше поттик кој ме одржуваше.  Тоа што  во мене татнеше, беше цел, да им го доближам животот на младите, да ја засака татковината, просторот каде живеат, љубовта, споделена грижа, да бидат дел од целина. Споделените чувства се заемни чувства, нашето тело располага со душа и тело,   телото ја надополнува душата а  душата го одржува животот. Тоа е  надежта  и затоа книгата е посветена на  младост и израснувањето   - рече авторот Јовиќ.

Тој има пишувано и стручна педагошка литература за воспитно образовната дејност, по која е препознатлив.  Книгата е отпечатена во тираж од 500 примероци и се наоѓа во книжарницата Аско -ас. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »