речник контакт

Промовирана книгата ,,Македонскиот 19-ти век на Хрватот Калоѓера

Ова дело е историја на Македонија за 19-ти век.Македонија за жал недоволно храбро се проучуваат и ги вреднуваат книжевните автори од 19 век

Петар Печков

 ,,Македонскиот 19-ти век,, е најновата книга на македонистот, хрватскиот академик Горан Калоѓера, која беше промовирана во Велес. На 250 страници Калоѓера пишува за школството во Македонија, јазичното прашање, печатниците, библиотеките, читалниците, музичкиот живот од овој век, за  20-тина македонски  автори меѓу нив и  браќата Миладиновци, Григор Прличев, Крсте Петков Мисирков, Кузман Шапкарев, Партениј Зографски, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Рајко Жинзифов,.

Во Македонија за жал недоволно храбро се проучуваат  и ги вреднуваат книжевните автори од 19 век. Сите значајни работи што се случиле подоцна во 20-тито век, водат корени од овој период. Токму затоа треба да се каже дека луѓето кои работеле, пишувале во 19-тиот век, не биле полуписмени, безначајни учители, туку врвни интелектуалци на своето време. Тогаш исто како што француските, англиските  и руските автори пишувале патописи, новели, романи, истите тие форми биле реализирани и од македонските автори во 19-тиот век. За вистина не на македонски литературен јазик, кој подоцна бил нормиран, но на говорот кој бил користен во Македонија – рече Горан Калоѓера. 

Тој автор на 30 дела, од кои половината се поврзани со Македонија. Во оваа книга низ четири поглавја Калоѓера ја проучува културата и литературата  во  19-ти век во Македонија.

За да се напише оваа книга треба да се биде  искусен  автор, храбар човек и зналец,  бидејќи 19-тиот век е најпротивречниот период на  македонската опстојба. Згора на тоа ова дело го пишува човек припадник на друг народ, друга култура и друга јазична средина. Оваа книга е ретка и несекојдневна, бидејќи по својот концепт е историја на македонскиот 19-ти век – изјави академик Васил Тоциновски промотор на книгата.

Таа е издадена од Друштвото на Македонците во Република Хрватска а финансирана од Владата на Република Хрватска. Калоѓера  е добитник на Почесното Рациново признание за  ширење на македонската култура и литература надвор од границите на земјата. Во Велес допатува да го добие највисокото општинско признание наградата 9-ти Ноември. Тој е и почесен конзул на Република Македонија во Хрватска и  раководител на Катедрата за  македонски јазик при Универзитетот во Риека.       

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »